Пред почетокот на овој меч Кретеј важеше за апсолутен фаворит, што го докажа во натпреварот за 5 место совладувајќи ја Металопластика со 28-19. Борко Ристовски кој застана на голот на Кретеј во првото полувреме имаше 11 одбрани и заедно со Уго Деска беа најзаслужни за големата предност од 17-5 која французите ја имаа по првите 30 минути. Стабилната француска одбрана и неискуството на младиот тим на Металопластика беа пресудни за само 5-те голови во мрежата на Ристовски до 25 минута.
Второто полувреме, советите на Исаковиќ вродија со плод и по 10 минути Металопластика се врати на пристојни 10 голови предност 20-10. Забележителна беше разликата во квалитет, французите го забавија темпото, но рутинирано ја завршија работата и докажаа дека победата над Металург не било само добар ден. Иако во последните седум минути младиот тим на Металопластика, желбата и агресивната одбрана со целосна поддршка од тренерот Исаковиќ се изборија за само четири голови разлика во 57-мата минута.
Во последните три минути сепак квалитетот на парижаните и брзоплетоста на ракометарите од Металопластика беа клучни за конечните 28-19.


