Денеска на програмата на меѓународниот ракометен турнир Струга 2014 е финалниот ден. Програмата започнува од 17:30 часот со натпреварот за 5 место помеѓу екипите на Металопластика (Србија) и Кретеј (Франција).
Од 19:00 часот во борба за трето место силите ќе ги одмерат екипите на полски Азоти Пулави и руски Санкт Петербург.
Од 21:00 часот започнува македонската и балканска ракометна класика, дуелот кој никого не остава рамнодушен, Вардар и Металург за прв пат оваа сезона и тоа во финалето на Меѓународниот ракометен турнир- Струга 2014. Металург го брани трофејот освоен минатата година, а Вардар најавува освојување на истиот за успешен вовед во новата сезона.
Многу причини вечерва да бидете на игралиштето на женската плажа во Струга, а доколку не сте во можност да присуствувате на финалето, директниот пренос на МРТ (собраниски канал) започнува од 21:00 часот.
Распоред на натпреварите:
Натпревар за 5 место: Металопластика -Кретеј ( 17:30 часот)
Натпревар за 3 место: Азоти Пулави -Санкт Петербург (19:00 часот)
ФИНАЛЕ: РК Металург -РК Вардар (21:05 часот)


