Селекторот на машкаta ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави скратениот список на ракометари што ги повика за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП во Хрватска 2018.
Од стандардните досегашни репрезентативци, ги нема пикерот Жарко Пешевски, како и десното крило Никола Костески, а на нивното место Червар ги вметна младиот пикер на Пелистер, Иван Тасески, како и десното крило на Вардар Јуниор, Мартин Поповски.
Од изненадувањата, тука е и повикот за 35-годипниот лев бек на Ферлах, Ристо Арнаудовски. Првиот натпревар од квалификациите, македонската репрезентација ќе го одигра на 2 ноември во Скопје против Украина, додека на 5 ноември се игра дуелот со селекцијата на Чешка. Во квалификациската група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд. Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во Скопје на 30 октомври 2016 со почеток од 16:30 часот. Червар за првиот собир повика 21 ракометар.



