Зоран Кастратовиќ на клупата на Марибор?

Поранешниот стратег на Вардар и селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Зоран Кастратовиќ, би можел да го преземе кормилото на словенечкиот тим Марибор, барем според пишувањата на тамошните медиуми.

Челниците на Марибор му се заблагодарија на Славко Ивезиќ за досегашната работа, бидејќи резултатите на почетокот на сезоната не се на посакуваното ниво, па веднаш се тргна со лицитирање на тренерските имиња.

Покрај Кастатовиќ, чиј последен ангажман беше во составот на Ел Џаиш, во комбинација за клупата на Марибор е и поранешниот селектор на хрватската репрезентација и тренер на Загреб, Славко Голужа.

Фото: scsport.ba