Кој е најбогатиот француски клуб? (ФОТО)

Ако во Македонија буџетите на кои било екипи во колективните спортови се кријат како змија што ги крие нозете, во другите држави тие се објавуваат јавно. Во француската лига, сите тимови имаат милионски буџети. Сепак еден тим предничи, а тоа е ПСЖ, дрим тимот предводен од Нока Сердарушиќ на клупата, а од Карабатиќ и Хансен на теренот.

Тимот од Париз има буџет од 17,4 милиони евра, додека спротивно, новајлијата во лигата Шаран, има дури 9 пати помал буџет, околу 2 милиони евра. Буџетот на францускиот првак константно расте од пред две сезони. Во 2014 порасна за 10%, во 2015 за 12% и сега за 5,2%. Втората и третата позиција ги „држат“ Монпеље со 7,2 милиони евра годишен буџет и Нант, кој има 4,9 милиони евра. Во табелата можете да ги погледнете буџетите на сите тимови.

budzzet

budzet