Руската интернационалка Алена Ихнева, која по две сезони минати во Скопје, реши да си замине, беше официјално промовирана како нова ракометарка на францускиот тим Флери Луар.
21-годишната Ихнева не доби голема шанса да ги покаже своите квалитети, па затоа си побара нова средина. Русинката со Лада стигна до финалето на Купот на ЕХФ, а со Вардар играше два пати на Ф4 во Лигата на шампионите.


