Десниот бек на македонската репрезентација, Андреа Белеска, беше втор стрелец во екипата на Валчеа, која славеше на гостувањето ај Четате Деватранс со убедливи 33:21, иако на полувремето беше нерешено, 13:13.
Белеска одигра одлично на овој меч и успеа да постигне 5 голови од 6 обиди, од кои 2 беа од пенал. Во следното коло, непоразената Валчеа ќе игра дома против силниот состав на Корона Брашов.
Фото: Ionut Buharu


