Младата руска интернационалка Алена Ихнева, која доскоро го носеше дресот на македонскиот првак Вардар, во новата сезона ќе настапува во поранешниот францускиот шампион Флери Луар.
Левиот бек не доби шанса да ги покаже своите квалитети во македонскиот првак, па реши да си побара друга средина и доби раскин на договорот. Флери Луар ја загуби титулата во Франција минатата сезона од Мец и нема да игра во Лигата на шампионите. Со Ихнева во ростерот се надеваат дека сезонава ќе ја вратат титулата во нивните витрина.
Младата руска ракометарка пред да дојде во Вардар, беше дел од руската Лада.


