Екипата на Роман оваа сезона е предводена од страна на македонскиот стратег – Андон Бошковски. Пред почетокот на сезоната, составот на Роман имаше сериозен предизвик во романскиот Суперкуп каде силите ги одмери со актелниот освојувач во Лигата на Шампионите – ЦСМ Букурешт. И покрај тоа што ЦСМ Букурешт забележа победа во овој дуел, очекувањата на преседателот на Роман во однос на новата сезона се позитивни.
Во краткото видео за 24Ракомет ТВ, преседателот на Роман – Лучијан Мику говори за промените кои треба да го донесе новиот тренер на Роман, финансиските проблеми на екипите во Романија како и за очекувањата на домашна и европска сцена.


