Новата членка на европскиот шампион-Ѓер, Јелена Грубишиќ со победа дебитираше во дресот на нејзиниот нов клуб. Во вчерашниот пријателски натпревар, Ѓер беше подобар од Шиофок со 22:27 ( 10-14). Двата тимови не настапија со целиот состав, бидејќи неколку ракометарки од Ѓер и Шиофок, настапуваат со унгарската сениорска селекција на турнир во Кечкемет.
Јелена Грубишиќ на голот бранеше во второто полувреме, додека во првото полувреме, тренерот на Ѓер шанса и даде на младата Венингер . Во второто полувреме Јелена Грубишиќ имаше одлични одбрани, и таа беше една од главните причини за одржување на водството на Ѓер од три голови разлика.
Покрај Јелена Грубишиќ, одлично се покажаа и новите засилувања Весна Милановиќ-Литре која беше најефикасна во Ѓер со пет погодоци, Сузан Милер беше ефикасна четири пати, Анна Сен постигна три погодоци додека Агилар Макарена два пати се запиша во листата на стрелците. Во екипата на Шиофок Даниела Пиедаде беше најдобар стрелец со пет погодоци.


