Македонската ракометарка, Белма Беба во идната сезона ќе ги брани боите на Салерно од Италија. Минатата сезона Белма ја помина во косовскиот тим Кастриоти каде ја освои двојната круна, а во наредната сезона своите ракометни вештини, Белма Беба ќе ги докажува и во италијанската лига. Освен за Кастриоти, Белма настапуваше и за ЖРК Металург од Автокоманда, за турскиот клуб Чанкаја, ЖРК Стружанка, и ЖРК Универс од Гостивар. Со својата разновидна игра во нападот, и чуството за добри асистенции, Белма ќе претставува главна алка во составот на Салерно.Некогашната јуниорска репрезентативка на Македонија, ќе биде една од младите ракометарки на овој тим, кој реши целосно да се помлади. Во европски рамки, Салерно ќе настапува во ЕХФ Купот , а за противник го има тимот ИБВ од Исланд.
Салерно на својата клубска страна го потврди трансферот на Белма Беба.


