Наумче Мојсовски: „ Ја научивме лекцијата“

Македонските ракометари до денес напорно се подготвуваа за мечот со Чешка кој ќе го одиграат во сабота во Злин. Репрезентативците максимално влегуваат во двата дуели со Чесите и ќе се обидат да обезбедат уште едно учество на Светското Првенство.

Гледавме три натпревари на Чесите со Полска, Турција и Австрија. Мислам дека Чешката репрезентација добро ни е позната многу пати сме се среќавале. Не ни е голем хендикеп што најголемите ѕвезди не им играат зашто играат растеретено, шутираат од сите позиции, сакаат да играат ракомет, брзо им оди топката некако не ја ценат и сакаат да шутираат пребзро. Мислам дека тука нам ни е шансата и сакаме да се фокусираме повеќе на одбраната која мислам дека таа ќе ни го донесе тој пласман на светското првенство. Ако успееме да ги скротиме да не дадат многу голови мислам дека сме завршиле голема работа.“ – изјави Мојсовски.

По ланскиот меч кој репрезентативците го одиграа против Чешка на квалификациите, имавме едно лошо прво полувреме во кое губевме дури 7 разлика, а на крајот заврши нерешено. Според Мојсовски ваква грешка не смее да се случи.

Од кога сме собрани сите зборуваме за тој меч. Седум разлика во првото полувреме, после нешто успеавме да стигнеме, но мислам дека повеќе среќата не послужи. Ја научивме лекцијата и не смееме така да си дозволиме и овој пат. Во сабота влегуваме максимално од првата минута. Цел ни е првиот натпревар да го добиеме за реваншот да биде полесен.

На прашањето дали сепак ќе се предомисли или останува одлуката Наумче Мојсовски да се прости од репрезентацијата одговори:

Имавме разговори и за мој евентуален настап во Франција на СП, но прво да се пласираме па ќе размислувам за таа можност. Засега останува да ги одиграм овие два натпревари.“

Првиот меч ќе се одигра во Злин во сабота со почеток од 12:30 часот, а вториот меч кој ќе се одигра на 15 јуни во СЦ „Борис Трајковски“  со почеток од 20:00 часот.