Андреа Пенезиќ, хрватската репрезентативка и едно од засилувањата на ЖРК Вардар за престојната сезона го имаше првиот тренинг во црвено-црниот дрес. За импресиите од клубот, градот и своите соиграчи Андреа за 24Ракомет изјави:
Атмосферата е одлична, Скопје многу ми се допаѓа како град, дел од девојките ги познавам од порано и стварно прекрасно сум прифатена од новата средина.
Пристигнала во Вардар бидејки е голем клуб и се надева дека во црвено-црниот дрес ќе успее да ја освои Лигата на шампионите.
Дојдов во Скопје бидејки ова е еден голем проект, станува збор за голем клуб во кој играат извонредни ракометарки, и јас сакав да бидам дел од целава оваа приказна.Но најважно од се, дојдов да се обидам да ја освојам Лигата на шампионите.


