Женскиот ракометен клуб Твис Холстебро од Данска ги започна своите подготовки за престојната сезона.
Клубот го очекува тешка и напорна година, бидејќи освен настапите во данското квалитетно првенство, клубот ќе учествува и во ЕХФ Купот. Екипата одигра и еден пријателски натпревар против репрезентацијата на Јапонија. Натпреварот заврши со резултат 28:26 за Холстебро. Во следната сезона клубот ќе биде главен конкурент на Митјиланд и Виборг за освојување на шампионската титула на Данска. Екипата ќе биде уште посилна со Ларке Мелер која премина од Митјиланд.




