Милорад Куковски потпиша за Металург

Левиот бек на Вардар, кој како позајмен играч настапуваше во екипата на Зомимак, Милорад Куковски потпшиша две годишен договор со екипата на Металург, и во наредните две години ќе ги брани боите на тимот од Автокоманда. Иако фановите на Вардар се надеваа дека Куковски наредната сезона ќе настапува во вториот тим на “црвено-црните” сепак Куковски се одлучи да го облече плаво-белиот дрес.

milorad-kukoski-potpisuvanje-dogovor-D-Andoonovski-11_resize

фото: www.rkmetalurg.mk

Милорад Куковски:

Чувствувам големо задоволство од постигнатиот договор со Металург. Среќен сум што ќе играм во екипа во која тренер е Лино Червар и во која настапува најголемиот дел од репрезентативците на Македонија. Особено сум задоволен што тука има многу ракометари кои се по потекло од мојот град, Струга. Сметам дека во Металург ќе имам што да научам и се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот.

Левче Китевски ( претседател на УО на Металург):

Секогаш чувствувам задоволство кога потпишувам договор со македонски ракометар. Кукоски беше желба на нашиот тренер Лино Червар, кој смета дека Милорад ќе ни биде од голема корист, како во одбраната, така и во нападот. Со доаѓањето на Кукоски, Металург доби осетно засилување, особено во зоната на нашата одбрана и уште еден потенцијален репрезентативец на нашата земја

>