Ново име во францускиот ракометен гигант. Младиот десен бек Недим Ремили ќе му се придружи на составот на ѕвездите од Париз на крајот на оваа сезона. Договорот со управата на ПСЖ е потпишан до 2020 година, а младата ѕвезда на францускиот ракомет вели дека е среќен и задоволен што ќе може да ја развива својата кариера во клуб како ПСЖ.
Ремили пристигнува од францускиот состав на Кретеј, а од оваа година настапува и во сениорската репрезентација на Франција. 20-Годишниот бек ќе претставува инвестиција за иднината на клубот, каде покрај Ремили ќе игра и пет години постариот хрватски интернационалец Лука Степанчиќ.


