Веспрем сигурен во Струмица

Актуелниот шампион во СЕХА регионалната лига, унгарскиот состав Веспрем со три нови бодови заминува од Струмица каде славеше победа против македонскиот вицепрвак со резултат 37-23.

Пред почетокот на мечот љубителите на ракометот во Струмица нетрпеливо очекува да ги видат ѕвездите на унгарскиот шампион, а прашањето околу победникот беше одамна познато. Илиќ го отвори резултатот, а гостите до осмата минута веќе имаа убедливи 1-7. Дуелот продолжи со исто темпо, а Слишковиќ во 21-та минута ги постави првите десет погодоци разлика, предност која гостите ја одржуваа до крајот на првиот дел за конечни 11-21.

12791024_722229567879786_7040516821349685716_n

Второто полувреме понуди слична игра, гостите го зголемуваа своето водство. Струмичани се одржуваа на десет голови во првата половина, но последните 15 минути ракометарите на Веспрем ги искористија за конечна победа од 23-37.

Најпрецизни кај домаќините беа Соколов и Мајиќ со по шест постигнати голови, додека кај гостите по шест голови постигнаа крилните ракометари Угалде и Иванчик, а Момир Илиќ и Андрес Нилсон ги следеа со пет голови во мрежата на Крсте Костески.

Со овие три бода Веспрем се зацврсти на првата позиција на табелата, во пресрет на последното коло кое нема да промени ништо во генералниот пласман.