Македонските кадети кои во Маврово ја одработуваат втората фаза од подготовките за Европското првенство во Полска, на вчерашниот тренинг беа пријатно изненаени од присуството на капитенот на македонската сениорска репрезентација Кирил Лазаров.
Лазаров кој е познат како голем подржувач на проектот за развој на младинските репрезентации, во присуство на селекторот Александар Јовиќ лично им посака среќа и да им даде подршка на кадетите пред престојното Европско првенство.
Лазаров сеуште се наоѓа во Македонија, а на 1 август заминува во Каталонија каде ќе ги започне подготвките за престојната сезона со екипата на Барселона.




