Дали го имаме голот на сезоната во Франција!? (ВИДЕО)

На натпреварот од рамките на француската ракометна лига помеѓу екипите на Монпелје и Сан Рафаел се случи неверојатен ракометен момент. При нерешени 27-27 до крајот остануваше многу малку време, a бомбата која буквално од половина терен ја распали данецот Александер Лингард, заврши во мрежата на домашниот голман Жерар за победа на Сан Рафаел од 28-27. Домашните фанови со неверување и очај го проследија овој погодок, а славјето на гостите можеше да почне. Еден од најубавите погодоци во светот на ракометот можете да го погледнете на видеото подоле.


L'incroyable but victorieux du milieu de… by LNH