СТИНЕ И ХАНА ОФТЕДАЛ ОСТАНУВААТ ВО ПАРИЗ

 

Второпласираната екипа во француската лига Изи Париз ги продолжи договорите со норвешките сестри Стине и Хана Офтедал. Ова не е нивна прва година како играат во главниот град, но и покрај понудите од другите клубови сепак се одлучија да останат уште една година во дресот на Париз.

Стине Офтедал е постарата сестра која игра на позицијата среден бек, додека помладата Хана игра на позицијата десен бек.

Хана Офтедал во престолнината на Франција пристигна во 2014 – та година, додека Стине Офтедал има подолг стаж во клубот, членка е од 2013-та година.

фото: Celine Dely