Новата ракометарка на ЖРК Вардар за следната сезона, Александра Лакрабере, моментално е втор стрелец во француската лига со 82 погодоци. На првото место со два погодоци повеќе односно 84 се наоѓа репрезентативката на Србија, Јована Стоилковиќ. Топ 5 листата на стрелци ја комплетираат и Кабрал Барбоса ( 72 голови), Сан Ван (68 голови) и Каролина Залевски која до овој момент има постигнато 65 голови.
Минатата сезона Лакрабере во Франција заврши како втор стрелец во Супер лигата со 144 голови.
© GRÉZY Christiane


