Со натпреварот помеѓу репрезентациите на Унгарија и Русија започна Светското првенство за кадетки на кое домаќин е Македонија. Унгарската репрезентација направи мало изненадување успевајки да ги совлада русинките со 27-26 (14-11), со што најави интересно првенство.Репрезентацијата на Унгарија го имаше водството во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до победата. Русија се што успеа да направи е да дојде до само гол негатива на противникот, но тоа не беше доволно за да се извојува победа. На 5 минути до крајот на натпреварот Унгарките имале сигурни 4 голови разлика, но руската репрезентација успеала да се врати во игра намалувајки на само еден гол разлика (25-26) во последната минута.Сепак во последниот напад Унгарките ја сочувале концентрацијата постигнувајки гол за победа и освојување на првите бодови.Петра Хорват и Орсолија Монори со седум постигнати голови беа најзаслужни за победата на Унгарската репрезентација, додека кај “зборнајата” најефикасни биле Вернигорова со десет и Малашанко со девет постигнати голови.
Анатолиј Скоробогатов (тренер,Русија):
Натпреварот се играше многу рано, но тоа не е оправдување за нашата слаба игра. Направивме многу технички грешки и немавме стабилна игра.
Шилард Киш ( тренер, Унгарија):
Ние навистина напорно се подготвувавме за овој Мундијал. Не толку за мечот со Русија поединечно, но многу сем среќни што ги победивме. Тие играат многу подобро од тоа што го покажаа денесла. Ние се надеваме дека ќе стигнеме многу далеку на ова првенство ако продолжиме со ваква игра.


