Репрезентацијата на Норвешка е вториот финалист на Светското првенство за ракометарки во Данска, откако во крајно неизвесен натпревар со продолженија во полуфиналето ја победија репрезентацијата на Романија 35-33 (17-14)
Норвешка – Романија 35-33 (17-14)
Натпреварот започна максимално изедначено без некои поголеми осцилации во резултатот. Први поентираа Романките со гол на Елиза Букеши, а на спротивната страна возвратија и Норвежанките. Во шестата минута Норвешка поведе со (3-2), а потоа со гол од пенал Аманда Куртовиќ го зголеми водството на (4-2). Романките израмнија брзо (4-4), па следуваше период на добра одбрана на двете страни и игра гол за гол. По петнаесет минути игра резултатот беше (9-9), па Норвежанките успеаа да врзат два гола во низа за (11-9). Следуваше пад на играта на Романија, а норвешките ракометарки го искористија тоа за највисоки (14-10). Норвежанките успеаа да ја одржат предноста и на полувреме да заминат со три погодоци позитива (17-14).

Вториот дел започна со два гола на Романките (17-16), но ракометарките на Норвешка не дозволија да дојде до изедначување, напротив успеаа да дојдат до три позитива (20-17). По пет минути игра без погодок следуваше серија на Романките за изедначување на резултатот (20-20). Норвежанките играа со маркер откако останаа со ракометарка помалку, погрешија во нападот, а тоа го искористија Романките за прво водство во второто полувреме (20-21). Серијата на Романија ја прекина Нора Морк за повторно изедначување на резултатот (21-21) но Кристина Неагу врза два гола во низа за ново водство на Романките (21-23). Два гола врзаа и Норвежанките за ново изедначување (23-23) на десет минути пред крајот на мечот. Неизвесноста траеше до последните секунди од натпреварот. Норвежанките имаа напад за победа но не успеаа да поентираат, а во последните десет секунди Романките не успеаа да ја совладаат Солберг.
Првото продолжение започна со водство на Норвежанките (29-27). Адриана Некита успеа да намали, но Норвежанките погодија од линијата за седум метри (30-28) До крајот на продолжението следуваа погодоци на двете страни (31-29). Во второто продолжение Норвежанките дојдоа до три гола разлика (32-29), но Романките постигнаа два гола за дваесетина секунди и се вратија во игра (32-31). Во последната минута Адриана Нечита погоди за (34-33) но Норвежанките беа прецизни во последниот напад за конечни (35-33) и ново финале.
Најпрецизна кај Норвежанките беше Нора Морк со осум погодоци, а Хајди Локе беше прогласена за МВП. Романките ги предводеше Кристина Неагу со осум погодоци.


