Репрезентацијата на Холандија направи сезнација по победата над Франција во денешниот четврт-финален дуел и стана првиот патник во полуфиналето на првенството.
Холандија – Франција 28-25 (15-12)
Изадначен беше стартот на натпреварот, а репрезентацијата на Холандија со погодокот на Полман направи минимална предност од 6-4 во првите 10тина минути. Французинкте возвратија фуриозно преку Ниомбла и го изедначија резултатот, а со погодокот на Ајглон ја превзедоа резултатската контрола (7-6). Последните 5 минути од првиот дел беа во знакот на одбраните на Вестер кои и овозможија на Холандија да го заврши првиот дел со сигурна предност од 3 погодоци (15-12).
Стартиот на вториот дел повторно беше во знакот на Вестер која не дозволи нејзината репрезентација да ја изгуби стекнатата предност од првиот дел. Алисон Пино стигна до 7миот погодок на средина на вториот дел и токму таа беше ракометарката благодарание на која Франција одржуваше резултатски приклучок. Во последните 3 минути Холандија влезе со предност од 2 погодоци (26-24), а шансата која ја имаше Франција преку Ниомбла повторно беше сопрена од страна на Вестер. Ајглон успешно стрелаше во следниот напад но сепак тоа не беше доволно и Франција доживеа пораз со резултат 28-25.
Со победата против Франција, Холандија стана првиот патник во полуфиналето а противник ќе им биде победникот од натпреварот помеѓу Полска и Русија.


