По елиминацијата на Светскиот правак Бразил, денеска следуваше уште една сензација во шампионтатот во Данска по победата на Полска над Унгарија.
Осумите погодоци на Каролина Кудлач беа од големо значење за репрезентацијата на Полска во денешниот дуел и токму таа беше клучниот играч кој ја донесе победата и пласманот во следната фаза на нејзината репрезентација.
Изадначена беше борбата во текот на целиот натпревар и репрезентација на Унгарија имаше минмална предност на крајот на првиот дел (14-13). Сепак повредата на Сузана Томори во првиот дел како и повредата на Анита Горбиц во вториот дел влијаеа доста на играта на Унгарија, па така ракометарките на Полска мудро го искористија нивното отсуство и славeа во 1/8 финалниот натпревар.
Во четврт-финалето, репрезентација на Полска ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Русија и Кореа.


