Репрезентацијата на Холандија славеше убедлива победа против Србија во осминафиналниот натпревар од Светското ракометно првенство во Данска. Сребрените од последното Светско првенство го одиграа најлошиот натпревар до сега па пласманот во четврт финалето и Олимписките квалификации останаа само сон.
Холандија – Србија 36-20 (17-6)
Почетните минути од натпреварот донесоа по еден гол на двете страни. Поведоа Холанѓанките со два гола едно по друго (1-3). Србинките погрешија во два напади, а Холанѓанките го искористија тоа и поведоа (5-1), а во 9-тата минута Корнелија Грот беше прецизна за високи ( 7-1) . Конечно Катарина Крпеж намали со гол од линијата за седум метри, а потоа и Стоилјковиќ беше прецизна за (7-3). Следуваа два погодоци едно по друго за Холанѓанките, па бомба од девет метри на Стоилјковиќ за (9-4). Србинките беа очајни и во нападот и во одбраната па на девет минути пред крајот на првото полувреме ракометарките на Холандија имаа двоцифрена предност (15-5). Пет минути се играше без гол на двете страни, па Грот погоди од линијата за 6 метри (16-5). Лишчевиќ погодува за Србинките по единаесет минути без гол за конечни(17-6) на крајот на првото полувреме.

Холандските ракометарки продолжија со исто темпо и во второто полувреме за високи (20-7), а Србинките не успеваа да ги консолидираат своите редови. Десеттиот гол за Србија го постигна Кристина Лишчевиќ во 36-тата минута од натпреварот (22-10). Во продолжението на натпреварот Србинките го подобрија нападот но изостана поддршката од одбраната, а Холанѓанките поентираа од секоја позиција одржувајќи ја двоцифрената предност за конечни (36-20).
Составот на Холандија го предводеше Лоис Абинг со шест погодоци, а Лаура ван ден Хајден постигна пет. На страната на Србија најефикасна беше Катарина Крпеж со шест погодоци.


