По натпреварот Русија – Романија, селекторот на Русија, Евгениј Трефилов, и руската репрезентативка, Дарија Дмитриева, во прес конференциската сала во изјава за медиумите ги опишаа своите впечатоци од натпреварот со Романија.
Интересен беше моментот кога рускиот селектор, Трефилов, доврши со својата изјава на руски јазик, а потоа и се обрати на младата Дмитриева да ја преведе неговата изјава од руски на англиски јазик, на што доби одговор дека ниту таа не разбира англиски јазик.
Руската репрезентација повторно беше дел од епизодата “Изгубени во преводот”, а видео материјалот од прес-конференцијата е достапен на следниот ЛИНК


