Матео Гералда нов селектор на Чиле

Катар го започна трендот, со ангажман на најтрофејниот шпански селектор за свој кормилар, се продолжи со ангажмани на шпански експерти во неколку големи европски клубови, потоа и репрезентацијата на Бахреин доведе тренер од АСОБАЛ, а наскоро Шпанец ќе ја предводи и репрезентацијата на Чиле.

Матео Гералда е нов селектор на Чиле. Целта е пласман на Олимписките игри во Рио, но проектот ќе опфати поголема временска рамка од четири години во подготовка за Олимписките игри во Токио.

Поранешниот тренер на Гвадалахара, ја превзема екиапата на Баку од Романија минатата година, но финансиската криза која владее во романското ракометно првенство беше повод Гералда да побара нов ангажман.

Тој е еден од ретките ракометари кои успеале со три различни клубови да ја освојата Лигата на шампионите, а на елитниот трофеј се радувал дури шест пати. Беше капитен на ракометната репрезентација на Шпанија кога во 2005 го освоија светското првенство, а од 2012 започна со својата тренерска кариера, во Гвадалахара.

Ова лето, им асистираше на репрезентативците на Порто Рико во подготовките за Пан Американските игри, а од јануари ќе го превземе кормилото на репрезентацијата на Чиле.

Деталите се договорени, и веста веќе ја потврдија тренерот и претседателот на чилеанската федерација, на почетокот на наредната година останува да се официјализира договорот со новиот шпански селектор.