Вчерашниот натпревар меѓу Кореа и Франција која се одржа на 7 декември во Сидбанк Арената во Колдинг, заврши без победник. Сепак, според новите правила на ИХФ Кореа требаше да биде победник на овој дуел откако поради лошата одлука на новиот видео систем кој контролира дали топката ја минала гол линијата им беше поништен регуларен гол. Лошата проценка на оној кој го раководел видео системот, а кој треба да им асистира на судиите при нивните одлуки го поништи голот на Кореанката Хјунји Јо во 17-та минута, иако топката ја помина гол линијата со цел обем.
Судиите заедно со техничкиот персонал одлучија да ја погледне снимката од обидот на Јо, но поради наводно лоша проценка на раководителот со системот, видеото го покажало само последниот дел од ударот односно моментот кога топката повторно удира во пречката и излегува од голот.
По вложената жалба на корејската делегација, одговорните тела на ИХФ денес го дадоа следново кратко образложение:
Поради тоа што одлуката била фактичка според правилото 17:11 од Правилата на игра и Објаснување на правилата на игра 7Б, резултатот не може да се промени.
Откако во јавност излезе оригиналната снимка каде ударот на Јо од пречката се одбива во гол па потоа повторно удира во пречка и излегува надвор од гол-линијата, ИХФ се одлучи да ги казни сите официјални лица инволвирани во овој натпревар, а воедно и да го повлече системот од употреба.
– Покрај успехот кој го постигна системот за видео доказ на 24-то Светско Првенство во машка конкуренција во Катар и првиот ден од 22-то Светско првенство во женска конкуренција во Данска, системот за видео доказ нема да се користи до крај на турнирот бидејќи границите на грешка не можат да се занемарат. Оваа одлука ќе се разгледа повторни во иднина како техничка поддршка која е значајна за ракометот, а системот ќе биде подобрен и надграден за да обезбеди максимална точност.
– Официјаните лица, делегатите и судиите кои работеле на овој натпревар повеќе нема да бидат вклучени во 22-то Светско првенство за жени во Данска.


