Едно од најголемите ракометни голмански имиња на сите времиња, и секако најдобар во изминативе десетина години, Тиери Омејер ќе и стави крај на богатата репрезентативна кариера. Популарниот „Тити“ ќе се опрости од репрезентативниот дрес на СП 2017 на кое домаќин е токму Франција. Најдобар начин со уште едно големо одличје да се стави крај на една блескава ракометна репрезентативна кариера.
Со репрезентацијата на Франција има освоено дури девет златни медали од големите натпреварувања, а на престојниот Светски шампионат во Франција ќе се обиде да додаде уште еден во богатата колекција.
Моментално има тригодишен договор со ПСЖ по кој се очекува и комплетно да и стави крај на својата блескава ракометна кариера.