Во второто коло на Француското ракометно првенство моќниот ПСЖ стигна до втората победа совладувајки го Иври на гости со 26-33. Екипата на Монпелје која во недела го пречекува Вардар во Лигата на шампионите на гостински терен беше совладана од Данкерк со 30-26, додека пак Тулуз во кој настапува Гоце Георгиевски на гостински терен ремизираше со екипата на Аикс 30-30. Георгиевски имаше одличен настап за својата екипа постигнувајки четири гола од пет обиди со 80% успешност. Борко Ристовски и Кретеј беа декласирани во Нант со резултат 40-29. На видеото подолу погледнете ги најдобрите пет гола од второто коло на Француското ракометно првенство.


