Во сличен натпревар како оној од Анкара кој се одигра пред четири денови, Турција иако извлече важни поуки, сепак во недостиг на квалитет мораше да му подаде рака на подобриот.
Во првиот дел, Холандија одигра далеку поискусно и посмирено во нападите, па така по првите 30 минути имаа водство од 13-9. Во Алмере, пред својата публика домашниот состав во првиот дел го предводеше Бумховер со 6/6 и 100 % реализација.
Во вториот дел, се играше гол за гол до 44-та минута (22-17). Холанѓаните со серија од 5-1 обезбедија висока предност од 27-18 и ја осигураа победа на осум минути пред крај на натпреварот.
Очекувано Доне од Бешикташ со 5 голови го предводеше нападот на Турција. До крајот, Хенен стигна до 6 голови исто колку Бумховер за сигурна победа на Холандија од 31-21.


