Во релаксирана атмосфера, Талант Душебаев заедно со својот колега, Раул Гонзалес за прв пат влезе во арената и го почувствува теренот на „Јане Сандански“. Полскиот шампион пристигна на пладне, а во вечерниот термин го одработи својот тренинг пред утрешниот натпревар. Веќе традиција стана загревањето со фудбалска топка, а своите фудбалски вештини ги презентираше и тренерот на Киелце, Талант Душебаев. Навивачите на Вардар за прв пат во арената „Јане Сандански“ ќе бидат сведоци на мајсториите на Зорман, Чупиќ, Бјелецки, Штрлек, Чрапковски, Агинагалде, Јурецки, Ткачик…
[Best_Wordpress_Gallery id=”78″ gal_title=”Kielce TRENING”]
ФОТО:ФИЛИП ВИРАНОВСКИ


