Во ова коло се постигнати следниве резултати:
Монпелје-Сесон 36-27,
Водечкиот тим во лигата, до крајот на првото полувреме одигра фуриозно, постигнувајќи 20 гола за 30 минути, па резултатот на семафорот гласеше 20-14. Одличниот напад ја засени одбраната, но сепак целокупниот впечаток е дека тимот на Монпелје е во одлична форма, впрочем за нив ова е 8-ма победа во 10 натпревари(имаат и еден нерешен исход со тимот на Сесон и убедлив пораз во декември од ПСЖ). Ефикасноста од 70 % за домаќинот ја предодреди високата разлика. Додека голманскиот удел во победата застана на 47 % одбранети удари(Сиферт имаше одлични 21 одбрани). Драган Гајиќ постигна 10 голови, Диего Симонет 5 и Јуре Доленец 4 голови кај победничкиот тим.
Шамбери-Нант 25-24,
Tимот предводен од нашиот селектор Обрван, игра се подобро во лигата, па така на последните 4 натпревари има 3 победи и сега засега е на одличното 4-то место. Најефикасни беа, Башиќ со 7 и Матули со 6 голови, додека голманот Генти имаше неверојатна вечер со 23 одбрани. Кај поразениот тим, 9-те голови на Валеро Ривера не беа доволни за бодови на жешкиот терен на Шамбери.
Истрес-Кретеј 26-30,
Уште на полувремето кое заврши со 9-14, се надзираше победникот на мечот, натпревар во кој нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски нанижа 15 одбрани. Нападот кај гостите беше на високо ниво, па така
Минел запиша 6, Чепреги 5 и Ремили 4 погодоци. Истрес го имаше само расположениот Пелет со 7 голови и полека но сигурно чекорат во втората лига, додека Кретеј полека се искачува кон средината на табелата и притоа во последните 5 кола, нанижа 3 победи по ред и 2 нерешени натпревари.
Тулуз-ПСЖ 29-29,
Ѕвездениот состав на ПСЖ киксна на гостински терен против Тулуз кој грчевито се бори за опстанок. Димулин со 15 одбрани за Тулуз надополнет со головите на Илиќ(8) и легендарниот Фернандез (7) беа пречка за составот од градот на светлината да ја одржи неизвесноста на врвот на табелата. Деветте голови на Нарцис кој игра во одлична форма не беа надополнети со учинок од неговите колеги, па така ПСЖ сега заостанува цели 3 бода во однос на водечкиот Монпелје.
Селестат-Ст. Рафаел 27-31,
Во изедначен натпревар, по првите триесет минути семафорот покажуваше 16-17, но домаќинот кој е во опасната зона немаше сили за изненадување. Ст. Рафаел на последните 5 мечеви има 2 победи и едно реми и е загрозен од Шамбери и од Данкерк кои ја напаѓаат неговата трета позиција. Абили и Кушетоух со по 9 голови беа најефикасни во победничкиот состав, но и на натпреварот. Со креативен напад, брзата транзиција од одбрана во напад и расположени стрелци победата заслужено припадна кај гостите.
Нимс-Данкерк 24-25,
Тврд (дури 13 исклучувања во обете екипи) и изедначен натпревар на две квалитетни екипи. Нимс по подолго време и неколку добри партии ракомет изминатиов период, забележа несреќен пораз на домашен терен и сеуште не му е обезбеден опстанокот во лигата, додека Данкерк врза 3 победи по ред. Одбраните беа на висина на задачата во натпревар во кој бодовите беа императив за обете екипи. Голманите, Десбонет и на спротивната гостинска страна Анотел обајцата го завршија мечот со по 16 одбрани.
Аих-Трембле 33-28,
Дерби на средината од табелата. Домаќинот беше поуспешен, Аих последните 5 одиграни кола има 3 победи и едно реми, додека Трембле игра многу променливо. Голманите немаа своја вечер, но затоа нападот беше ефикасен-особено кај Аих (65% ефикасност). Лука Карабатиќ со 8 голови беше најефикасен, по него следуваа Владица Стојановиќ со 6 и Словенецот Клемен Цехте со 5 голови.

Преглед на Француската Д1 лига, 17. коло
Француската прва лига, продолжува со возбудувањата по минатонеделните дуели од Куп завршницата, овојпат на спортските навивачи им понуди квалитетни ракометни натпревари од 17-то коло. Дека нема непобедливи екипи во Франција докажа Тулуз, а недостигаше малку за комплетно изненадување. Од година во година француското првенство привлекува се повеќе млади и квалитетни играчи од Балканот и пошироко кои играат во некои од најдобрите тимови во ЛНХ лигата. Македонија е застапена преку голманот Борко Ристовски кој брани за Кретеј и селекторот Обрван кој го предводи Шамбери.

