Бразил ги намачи “коцкастите”: Хрватска на стаклени нозе во четвртфинале

Осминафинале

Хрватска-Бразил 26-25 (13-15)

Репрезентацијата на Хрватска потешко од очекувањата успеа да го совлада Бразил со 26-25 и го обезбеди својот пласман во четвртфиналето.
Хрватите влегоа помалку опуштено во натреварот, дозволувајки им на бразилците да го диктираат темпото во првото полувреме, кое кариоките успеаа да го добријат со 13-15.
Хрватите заиграа поангажирано на почетокот на вториот дел и со серија од 5-0 дојдоа до + 3, 18-15. И кога се чинеше дека “коцкаститe” ке додадат гас и ќе го дотолчат противникот, Бразил повторно покажа заби и успеа комплетно да се врати во игра повторно преземајки го водството. Со изедначен резултат се влезе во последните десетина минути кога “вардарецот” Игор Карачиќ со три гола во серија ја одржуваше Хрватска во минимално водство. Поголемото искуство беше на страната на Хрватите, кои со голот на Дувњак на четириесетина секунди до крајот поведе со + 2, 26-24. Бразилците набрзина вратија за 26-25 и се обидоа со пресинг да ја освојат топката на петнаесет секунди до крајот. Хрватите рутински одиграа до крајот што беше доволно за победа од 26-25 и пласман во четвртфиналето.

kara bra-hrv

Карачиќ погодуваше кога требаше и ја однесе Хрватска во четвртфинале