Преглед 5.коло група Д: Резервите на Германија доминираа над Саудиска Арабија

Очекуван исход од првиот натпревар на денешната програма во групата Д, каде наместо аматерскиот тим на Австралија, ИХФ одлучи да и додели уште една шанса на Германија, а за возврат Германија со денешната победа над Саудиска Арабија ја освои првата позиција во групата Д.
Група Д
Саудиска Арабија 19-36 Германија (8-18)

Вториот тим на Германија, предводен од Шмит, Селин и Муше беа доволни за нова, четврта победа на Германците на ова натпреварување. Во 5-та минута, германските репрезентативци веќе имаа предност од 0-3, до 10-та минута разликата двојно се зголеми, а во 15-та минута достигна 4-12, пред се благодарение на одличната одбрана и прецизноста во контрите на Селин. Првата двоцифрена предност, селекцијата на Дагур Сигурдсон ја создаде во 25-та минута со погодокот на Шмит, а највисоките 11 голови предност ги достигнаа минута подоцна. До крајот на првиот дел, Арабјаните ја намалија разликата, која на полувреме изнесуваше 10 голови- 8-18.
Вториот дел започна идентично како и првиот, Кнеер, Селин и Шмит беа прецизни за 8-21. Селекторот на Саудиска Арабија, Горан Џокиќ ја промени одбрата и со агресивна пресинг игра го изненади нападот на Германците. Тоа резултираше со брзи контра-напади и серија од 5-0 за намалување на високото водство на 13-21. Во 40-та минута германскиот стручнен штаб реагираше со тајм аут, по што Муше ги врати работите на свое место. Со 4 голови по ред левото крило на Германија ја врати двоцифрената разлика, која достигна дванаесет голови разлика, 13-25.
Моќната германска репрезентација во 51-та минута имаше предност од 13 голови 18-31. На 5 минути пред крај, кога веќе се беше познато, Германците го зададоа последниот удар со нова 5-0 серија го затворија овој натпревар за конечни 19-36.
Најпрецизени на натпреварот беа Муше и Селин со по 11 погодоци, додека за селекцијата на Саудиска Арабија, Алабас, Алсалем и Алзаер постигнаа по 3.