Египет почна со 5-1 зона во одбраната, играше квалитетно и борбено, па така предноста за нив беше +2, 3-1 и 4-2, но тогаш Исланд се стабилизира. Во деветтата минута почнаа со своето шутерско шоу Сигурдсон, Халгримсон и Петерсон. Резултатот на семафорот гласеше 6-5 за Фараоните, но Исланд ја имаше иницијативата. Египетскиот селектор побара тајм-аут но ништо не се смени, напротив следеше серија од 5-0 за Исланд. Интересен момент на средбата, се случи при игра во напад за Исланд со играч-маркер, ризикот не се исплатеше, мала грешка во нападот и Ел Масри со погодок преку целиот терен ја погоди празната мрежа.
На полувреме се замина со резултат 10-15, а најефикасни кај Исланд беа Сигурдсон 8, Халгримсон 4 и Петерсон 2.
Египет носен на крилата на публиката го топеше водството од 5 разлика, кое гласеше 17-22. Па така во 45та минута беше 20-23. Со двете исклучувања кај Исланд кој играше многу грубо, се стопи и разликата, а резултатот на семафорот гласеше 23-24. Сепак Исланд се стабилизира, па во моментите кога египетскиот селектор побара тајм аут резултатот беше 23-26 на шест минути до крајот.
Конечниот резултат гласеше 25-28, а најефикасен на натпреварот беше Сигурдсон со погодоци 13 погодоци.


