МВП играчот на последиот „фајнал фор“ турнир од Лигата на шампионите и еден од најдобрите централни бекови во светот, Арон Палмерсон, потпиша тригодишен договор со унгарскиот шампион. Според договорот Палмерсон ќе го облече дресот на Веспрем на 1ви јули 2015 година.

Арон Палмерсон е роден 19 јули 1990 година, а своето деби во исландскиот шампионат го имал на 15 годишна возраст. Во 2009 потпишува за екипата на бундеслигашот Кил кој во тој момент е најдобриот клуб на светот, со репрезентацијата на Исланд освоил бронзен медал од Европското првенство во Австрија, а на Олимпискиот турнир во 2012 година е избран во „олстар“ тимот. Оваа година е избран за спортист на Исланд.


