Двајцата некогашни ракометари на Пелистер, десниот бек Томислав Јагуриновски и десното крило Реваз Чантурија, се вратија во Битола по подолго време, но во друг дрес.
Заедно со тимот на Металург, тие гостуваа во салата „Боро Чурлевски“, а домашните навивачи „Чкембари“, не го заборавија нивниот придонес во дресот на битолчани.
Тие ги испочитуваа пред натреварот, а двајцата ракометари кои беа миленици на битолската публика, лично им отпоздравија на навивачите.




