Филип Миркуловски со Вецлар е во одлична форма на почетокот на сезоната, а тоа го потврдија на последниот натпревар во домашното првенство кога го совладаа Магдебург 29:28.
Уште еднаш поранешниот репрезентативец на Македонија беше одличен во организација на нападите, а постигна и три гола. Еден од головите беше во стилот на Миркуловски со што потсети на најдобрите времиња додека настапуваше за Металург и репрезентацијата на Македонија.
Во следното видео погледнете го карактеристичниот продор на средниот бек на Вецлар низ противничката одбрана.
По седум кола во Бундес лигата Вецлар е на 5. позиција со четири победи, едно нерешено и два порази.


