Ракометарите на Еурофарм Работник им се вратија на победите, откако славеа над некогашниот европски шампион Металопластика Шабац со убедливи 32-21.
Битолчани уште од стартот му покажаа на гостинскиот тим дека нема што да бара на овој натпревар и можеби полесно од очекувањата го решија прашањето околу победникот.
Следен предизвик за „фармацевтите“ ќе биде Лигата на шампионите и натпреварот на гостински терен против шпанска Бидасоа Ирун.
[WRGF id=108916]


