Македонската снаа Едуарда Аморим Талеска, слободниот викенд пред стартот на ЕХФ неделата го искористи за посета на Македонија.
Таа со нејзиниот сопруг беше присутна во „Јане Сандански“ и му даде поддршка на Вардар во битката против Порто од Лигата на шампионите, а се сретна и со нејзиниот сонародник кој сезонава ќе игра за „црвено-црните“ – Жозе Толедо.




