Вардарци одработија две различни полувремиња против тимот на Порто, но на крајот дојдоа до заслужен триумф и нови два бода со кои се единствени со четири поени во групата Б.
Натпреварот имаше прво полувреме во грч во кое долго се бараше играта која е потребна за да се дојде до посакуваниот резултат. Сепак, откако во првото полувреме имаше подеми и падови во вторите 30 минути вардарци покажаа зошто се шампиони и едноставно го нокаутираа противникот и рано се изборија за предност која потоа им овозможи да дојдат до двата бода на овој дуел.
Конечните 32:27 се и повеќе од залужени, а како изгледаше на теренот можете да видите низ фотографиите.
[WRGF id=108741]


