За денешниот славеник на роденден не треба посебно претставување. Доволно е да се каже дека тој е поранешен тренер на Металург и селектор на Македонија, но и селектор кој постигна големи успеси со Хрватска на чие чело е и во моментов. Лино Червар денеска ќе наполни 69 години.
Роденден има и Лука Мраковчиќ. Поранешниот ракометар на Металург, кој сега настапува во редовите на Загреб полни 25 години.
Уште еден ракометар од Хрватска, кој е дел од Загреб има роденден. Се работи за Иван Сршен, кој денеска ќе го прослави својот 27. роденден.
Играчот на Целје, Словенецот Матиц Грошељ е помлад од нив. Тој денеска го прославува својот 22 роденден.
И Иранецот Саид Хајдарирад кој игра за Динамо Букурешт е на денешниот список на славеници. Тој полни 29 години.
Среќен роденден Лино, Лука, Иван, Матиц и Саид!


