Еден од поранешните судии кои оставија голема трага и на домашна и на меѓународна сцена, Ацо Николовски денеска има роденден. Во 2003 година на првиот шампионат на кој Македонија беше домаќин судеше во финалето. Тој во моментов е еден од делегатите кои се наоѓаат и на ЕХФ листата, а денеска ќе наполни 55 години.
Роденден има и една поранешна репрезентативка на Македонија, Олга Колесник. Голманката која беше дел и од Кометал Ѓорче Петров полни 42 години.
На списокот е и една млада ракометарка на Металург. Михаела Стојановска полни 17 години.
Од ракометарите од другите земји тука е Марио Лопез Алварез. Шпанецот кој е дел од Адемар денеска го прославува 25. роденден.
Среќен роденден Ацо, Олга, Михаела и Марио!


