Борко Ристовски добива нов тренер

Екипата на Кретеј, по заминувањето на Бенџамин Павони најде замена на клупата во името на Кристоф Мазел. Претседателот на Кретеј, Жан Лук Друис верува во квалитетитетите на Мазел и го престави како големо засилување на својот клуб. Мазел претходно работеше како тренер во Истрес Прованса каде го освои Лига купот во 2009 година а подоцна и како технички директор во ракометниот клуб Ним.
Новиот тренер на Борко Ристовски се очекува да го преземе клубот на 5 јануари, а главна цел ќе биде обезбедување на опстанок во најдобрата француска лига.