Среќен роденден Иван!

Поранешниот репрезентативец на Македонија, кој сега работи како тренер во Франција, Иван Марковски денеска слави роденден. Ракометарот кој долго го носеше дресот на екипата на Пелистер, а потоа беше дел и од Вардар, Металург, Метковиќ, Загреб… Денеска полни 43 години.

Роденден има и еден од подобрите дефанзивци во редовите на Пролет. Стефан Стојановски, кој главно игра во одбраната денеска го прославува својот 25 роденден.

И ракометарката од Битола од тимот на Пелистер, Моника Талевска исто така е меѓу славениците, а таа полни 24 години.

На списокот на денешни славеници е и Мациј Фабијанович. Се работи за ракометар од Полска кој настапува во редовите на Висла Плоцк. Денеска полни 19 години.

Среќен роденден Иван, Стефан, Моника и Мациј!