Ракометарот кој настапува повремено за првиот тим на Вардар, Давид Гашоски денеска слави роденден. Тој е играч на Вардар јуниор, но по потреба игра и за првиот состав. Давид денеска полни 23 години.
Најдобриот ракометар од Европското првенство во 2018 година, Џим Готфридсон од Шведска исто така е на списокот. Ракометарот на Флензбург полни 27 години.
Младиот играч на ПСЖ, Французинот Андри Гујон Буве денеска го слави својот 20. роденден.
И голманот од Словенија, Матевж Скок е на денешниот списоко славеници. Тој го прославува 33 роденден.


