Во најсилната лига на Унгарија во следната сезона Македонија ќе има уште еден интернационалец покрај Дејан Манасков. Голманот Јане Цветковски се договори со тимот на Егер и својата кариера ја продолжува во оваа лига
После настапите во првенството на Шведска и лани во Германија каде беше дел од екипата на Вецлар, Цветковски сега ќе се обиде и во ново првенство. Егер е тим кој претендира на пласман на средина на табелата, но во силната конкуренција ќе биде навистина тешко да е оствари планот.
Оттаму ова ќе биде шанса за Јане Цветковски да ги покаже своите квалитети, но и да има минутажа во новата екипа.
Инаку, тој беше во комбинација за договор и со екипи од Македонија, но во прв план, сепак, му беше да игра и понатаму како интернационалец.


