Шампионот на Франција, ПСЖ и во новата сезона ќе располага со огромен буџет, а Раул Гонзалес ќе предводи тим кој има речиси 17,5 милиони евра буџет. Финансии на кои може да им позавидат и многу фудбалски клубови, но и финансии кои во фудбалот речиси сигурно водат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Со големи буџети, но далеку од двојно помали располагаат и Монпелје, Нант и Екс, а ова е знак дека клубовите од Франција и во новата сезона се меѓу највредните во Европа.
Вкупниот буџет на клубовите кои играат во најсилната лига на Франција е 78,1 милиони евра.
БУЏЕТИ НА КЛУБОВИТЕ ОД ФРАНЦИЈА
ПСЖ 17,452 милиони евра
МОНПЕЛЈЕ 8,237 ”
НАНТ 7,837 ”
ЕКС 7,456 ”
НИМ 4,623 ”
ШАМБЕРИ 4,598 ”
СТ. РАФАЕЛ 4,281 ”
ДАНКЕРК 4,319 ”
ТРЕМБЛЕ 3,771 ”
ТУЛУЗ 3,644 ”
ШАРТ 3,5 ”
КРЕТЕЈ 3,16 ”
ИВРИ 2,733 ”
ИСТР 2,488 “


